Печати

Обуки и настани

Главниот ревизор Адем Цури денеска учествуваше на заедничкиот состанок на делегациите од Република Македонија и Албанија во Европската комисија во Брисел во процесот на објаснувачки скрининг како дел од подготовките за почеток на преговори за учество на Република Македонија како полноправна членка на EУ:

ГЛАВНИОТ РЕВИЗОР АДЕМ ЦУРИ ВО ДВОДНЕВНА ПОСЕТА ВО ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ВО БРИСЕЛ ЗА ОБЈАСНУВАЧКИ СКРИНИНГ (.pdf)

 

Висока делегација од Ревизорското тело за ревизија на ЕУ фондовите од Република Романија предводена од Претседателот, г-дин Лучијан Дан Владеску, оствари посета на Ревизорското тело: 

ВИСОКА ДЕЛЕГАЦИЈА ОД РОМАНСКОТО РТ ОСТВАРИ ПОСЕТА НА РЕВИЗОРСКОТО ТЕЛО(,pdf)

 

Висока делегација од Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош од Република Македонија предводена од г-дин Адем Цури, Главен ревизор за ИПА, на 23 и 24 Април 2018 година оствари посета на Европскиот Суд на ревизори во Луксембург:

ОСТВАРЕНА ПОСЕТА НА ЕВРОПСКИОТ СУД НА РЕВИЗОРИ, АПРИЛ 2018(.pdf)

ОСТВАРЕНА ПОСЕТА НА ЕВРОПСКИОТ СУД НА РЕВИЗОРИ-AL(.pdf)

 

Работилница на тема: Финансиски извештаи - Како да се подобри покриеноста и опфатот? во организација на ЦЕФ Љубљана:

РАБОТИЛНИЦА ЦЕФ ЉУБЉАНА, (Финансиски извештаи) ДЕКЕМВРИ 2017 ГОДИНА (.pdf)

 

Церемонија за доделување на благодарници, 04.12.2017 година:

Доделување на благодарници на акредитираните институции за спроведување на Оперативната програма за развој на човечки ресурси од ЕУ(.pdf)

Галерија:

 

Pаботилница,  Taiex, во Cкопје, октомври 2017 година:

РАБОТИЛНИЦА,  TAIEX, во Скопје, ОКТОМВРИ 2017 ГОДИНА(.pdf)

Галерија:

 

Примопредавање на функцијата Главен ревизор за ИПА

На ден 14.08.2017 година во просториите на Ревизорското тело се изврши примопредавање на функциjaта Главен ревизор за ИПА помеѓу поранешниот главен ревизор за ИПА, м-р Лепосава Апостоловски Велинов, ОДР и новоименуваниот главен ревизор за ИПА, Адем Цури, ОДР. На функцијата заменик на главниот ревизор за ИПА е именуван Лиман Мухаџири, ОДР.

 

Работилница на тема Меѓународни сметководствени стандарди во јавниот сектор (ИПСАСи), во организација на ЦЕФ Љубљана:

РАБОТИЛНИЦА ЦЕФ ЉУБЉАНА, (ИПСАС) НОЕМВРИ 2016 ГОДИНА (.pdf)

 

Работилница на тема Ревизија на ИТ системи, во организација на ЦЕФ Љубљана:

РАБОТИЛНИЦА-ИТ Ревизија, ЦЕФ ЉУБЉАНА, СЕПТЕМВРИ 2016 ГОДИНА (.pdf)

Студиска посета на Литванија во рамки на Твининг проект:

СТУДИСКА ПОСЕТА НА ВИЛНУС, ЛИТВАНИЈА, МАЈ 2016 ГОДИНА (.pdf)

 

Работилница на тема Ревизорско известување, во организација на TAIEX  во соработка со Ревизорско тело:

РАБОТИЛНИЦА РЕВИЗОРСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ, TAIEX, СКОПЈЕ,  ФЕВРУАРИ-МАРТ 2016 ГОДИНА (.pdf)

 

Во Берово во периодот од 22 до 25 февруари 2016 година се одржа семинар за ревизорски тела и канцеларии за поддршка на националните координатори за авторизација, во целосна организација на Генералниот директорат на Европската комисија за соседство  и проширување:

СЕМИНАР ГД НЕАР, БЕРОВО, ФЕВРУАРИ 2016 ГОДИНA (.pdf)

 

 

Работилница на тема Воспоставување на процес на управување со ризици во јавниот сектор, во организација на ЦЕФ Љубљана:

РАБОТИЛНИЦА ЦЕФ ЉУБЉАНА, ДЕКЕМВРИ 2015 ГОДИНА (.pdf)

 

Работилница со учесници од повеќе земји за ревизорски тела од ИПА 1 земјите (оцена и изразување мислење, пресметување на стапка на грешка) се одржа во периодот од 24-25 ноември 2015 година во Загреб и Карловац, Хрватска:

РАБОТИЛНИЦА  ТАИЕКС ЗАГРЕБ, НОЕМВРИ 2015 ГОДИНА (.pdf)

 

Работилницата на тема Статистички избор на примерок во ревизија се одржа во периодот од 29 јуни – 1 јули 2015 година во Љубљана:

РАБОТИЛНИЦА ЦЕФ ЉУБЉАНА, ЈУНИ-ЈУЛИ 2015 ГОДИНА (.pdf)

 

Работилницата на тема Ревизија на ИТ системи се одржа во периодот од 3-5јуни 2015 година во организација на ЦЕФ Љубљана:

РАБОТИЛНИЦА ЦЕФ ЉУБЉАНА, ИТ Ревизија ЈУНИ 2015 ГОДИНА (.pdf)

 

Работилница на тема Јакнење на менаџерски вештини, во организација на ЦЕФ Љубљана:

РАБОТИЛНИЦА ЦЕФ ЉУБЉАНА, МАРТ 2015 ГОДИНА (.pdf)

 

Работилници на тема Неправилности и измама, во организација на Центарот за обуки при Секретаријатот за европски прашања:

РАБОТИЛНИЦИ СЕП – Центар за обуки, СКОПЈЕ, ФЕВРУАРИИ-МАРТ 2015 ГОДИНA (.pdf)

 

Работилница на тема Практичен водич за договорни постапки - ПРАГ, во организација на Центарот за обуки при Секретаријатот за европски прашања:

РАБОТИЛНИЦА СЕП – Центар за обуки, СКОПЈЕ, ФЕВРУАРИ 2015 ГОДИНА (.pdf)

 

Работилницата на тема ИПА II се одржа во периодот од 2-4 февруари 2015 година во Љубљана:

РАБОТИЛНИЦА ЦЕФ ЉУБЉАНА, ФЕВРУАРИ 2015 ГОДИНА (.pdf)

 

РАБОТИЛНИЦА ЉУБЉАНА, ОКТОМВРИ 2014

Работилница на тема Финансиска ревизија се одржа во периодот од 30 септември до 2 октомври 2014 година во Центарот за унапредување на финансиите (CEF), Љубљана, Словенија. Оваа работилница, организирана од страна на CEF, Љубљана ја посетија двајца ревизори  од Ревизорското тело за ревизија на ИПА од Република Македонија заедно со уште 26 учесници од 13 други земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грузија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Монголија, Словачка, Словенија, Турција и Украина.

Теми опфатени со работилницата: анализа на ризик, вклучувајќи ризик од измама; финансиски систем и интерна контрола; ревизорски пристап; ревизорски техники, вклучувајќи статистички примерок; ревизорски извештај и изразување мислење; следење на ревизорски наоди, со фокусирање на практични искуства и конкретни примери од праксата, и значително време посветено на дискусии.

Обуката беше реализирана од страна на експерти од Министерството за финансии на Холандија како и двајца експерти од Словенија.

Предавачи: Shams Arya и Corin Ansing-Ruisbroek, Министерството за финансии на Холандија и Zdenka Vidovic и Metka Sedej, експертки од Словенија.

 

 

СЕМИНАР СКОПЈЕ, СЕПТЕМВРИ 2014

Семинар на тема Обука за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци, се одржа на 15 септември 2014 година во просториите на Капитал Академија во Скопје.

На обуката присуствуваше одговорното лице за заштитана личните податоци во Ревизорското тело.

Теми на семинарот: Заштита на личните податоци, имплементација на Законот за заштита на личните податоци, технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци.

Предавачи: Игор Кузевски и Маријана Поповска од Дирекцијата за заштитана личните податоци.

 

 

ТЕХНИЧКИ ЗАВРШЕН НАСТАН, БУДИМПЕШТА, АВГУСТ 2014

Технички завршен настан за одржани семинари на тема „Контрола на јавни набавки со цел јакнење на капацитетите на ex-ante и вградените контроли за откривање и елиминирање на можни случаи на неправилности и измами“, организиран во рамки на Програмата на Европската унија - Hercule II 2007-2013,се одржа во периодот од 27 до 29 август 2014 година во хотелот Зара Континентал во Будимпешта.

На настанот присуствуваше еден ревизор за ИПА од Ревизорското тело, како и претставници од Секторот Национален фонд, Секторот за централно финансирање и склучување на договори во рамки на Министерството за финансии и Секретаријатот за европски прашања од Република Македонија.

Целта на настанот беше да се сумираат искуствата стекнати од претходно одржаните семинари во јули 2014 година.

Претставниците од земјите учеснички на семинарите Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија и Турција партиципираа со свои презентации на тема „Што може да се имплементира на основа на искуството од претходно одржаните семинари“. Како дополнување беше организирана работилница со наслов „Како би се воспоставил системот во периодот после пристапување во ЕУ врз основа на претходно одржаните семинари“. Во продолжение, од страна на експерт за јавни набавки во рамки на Канцеларијата на премиерот во Унгарија беа презентирани потешкотиите кои се јавиле при усогласувањето на законодавството на Унгарија со ЕУ од аспект на јавните набавки. Искуства од контролата на јавните набавки од страна на Европската комисија беа презентирани од страна на ревизор од Европската Комисија – ГД РЕГИО.

 

СЕМИНАР HERCULE II ВО БУДИМПЕШТА, ЈУЛИ 2014

Во рамки на Програмата на Европската Унија Hercule II организиран е семинар на тема „Контрола на јавни набавки со цел јакнење на капацитетите на ex-ante и вградените контроли за откривање и елиминирање на можни случаи на неправилности и измами“.

Семинарот се одржа во периодот од 15 до 18 јули 2014 година во хотелот Зара Континентал во Будимпешта.

На семинарот присуствуваа тројца ревизори за ИПА на Ревизорското тело, како и претставници од Секторот Национален фонд и Секторот за централно финансирање и склучување на договори во рамки на Министерството за финансии на Република Македонија.

На семинарот се престави дизајнот на воспоставените ex-ante контроли за откривање и елиминирање на можни случаи на неправилности и измами при спроведување на јавните набавки во Унгарија, при што беа преставени законската рамка, практични примери на откривање на неправилности и измами, модулот за контрола на јавни набавки во рамки на EMIR, искуството на ревизорите во откривањето на  неправилности и измами, како и лекциите кои се научени од стекнатото искуство.

Обуката е спроведена од страна на експерти за јавни набавки од Секторот за контрола на јавните набавки во рамки на Кабинетот на Премиерот на Република Унгарија, ревизори од Унгарскиот генерален директорат за ревизија на Европските фондови, експерти за антикорупција од Министерството за правда на Унгарија и OLAF во делот на известување за измами од Европската комисија,  користење на IMS − Систем за раководење со нерегуларности, како и за функцијата и улогата на OLAF, IT експерт одговорен за EMIR − Модул за контрола на јавни набавки. Експертите од Литванија, Полска и Република Чешка го презентираа искуството во нивните земји.

 

РАБОТИЛНИЦА (Примена на новиот Прирачник за ревизија на ИПА) СКОПЈЕ, МАЈ 2014

Работилница за примена на новиот Прирачник за ревизија на ИПА верзија 2– обука за Ревизорското тело (РТ) во рамките на проектот „Техничка помош на Ревизорското тело” FWC beneficiaries 2009 – Lot 11, EUROPE AID/127054/C/SER/MULTI.

Обуката за Ревизорското тело „Примена на Прирачникот за ревизија на ИПА, документирање на ревизорски наоди и заклучоци и завршна ревизија” се одржа од 26 до 28 мај 2014 година во Хотел ТЦЦ Плаза во Скопје. Цел на обуката беа вработените во РТ да се стекнат со теоретски познавања и практично разбирање на:

  • примената на Прирачникот за ревизија на ИПА, верзија2, ДелI – Заедничко издание, ДелII – Посебно издание за ИПА компонентите I-IV и ДелIII  - Посебно издание за ИПА компонентата V,  во рамките на ИПА регулативата,меѓународно прифатените стандарди за ревизија и упатствата од ЕК,
  • концептите на годишното планирање и известување во рамките на целокупниот циклус на ревизија,
  • сите аспекти на планирање, спроведување на ревизијата и известување за резултатите од системската ревизија, ревизијата на операции и завршните ревизии (и ревизија на сметки кај ИПАРД), и
  • способност за самостојно пишување на ревизорски наоди и препораки.

Обуката беше комбинација како на општи теории за ревизија во различни ИПА компоненти, така и на практични примери на детални технички вештини за разни аспекти на ревизијата.

Истата беше наменета за вработените во Ревизорското тело (на обуката присуствуваше и претставник од Делегацијата на ЕУ во Скопје).

Предавачи: Andra Larin-van der Pijl, тим лидер и експерт за ревизија и Ludmila Rangelova, експерт за ревизија.

 

 

РАБОТИЛНИЦА (Спроведување на контрола на лице место на проекти финансирани од ИПА) СКОПЈЕ, MAJ 2014

Работилница на тема Спроведување на контрола на лице место на проекти финансирани од ИПА, во организација на ТАИЕКС на барање на Ревизорското тело за ревизија на ИПА, се одржа на  16 мај 2014 година во хотел Арка во Скопје.

На обуката присуствуваа сите ревизори на Ревизорското тело, двајца ревизори од Државниот завод за ревизија и претставници од Делегацијата на Европската унија во Република Македонија.

Теми на работилницата: спроведување на контрола на лице место, со практични примери во контекст на инструментот за претпристапна помош. Целта на работилницата беше да се обезбедат насоки на ревизорите со практични примери во спроведување на контрола на лице место кај краен корисник според вид на договор: набавка, услуги, (градежни)работи, твининг договори и грантови.

Предавачи: Драган Ковачевиќ и Јелена Старчевиќ од Агенцијата за централно финансирање и склучување на договори – Хрватска, Иван Панчев од Извршната агенцијата за ревизија на ЕУ фондови во Бугарија и Иван Рамљак од Агенцијата за ревизија на системот за имплементација на програмите на ЕУ, Хрватска.

 

РАБОТИЛНИЦА (Финансиска ревизија на проекти финансирани од ИПА) СКОПЈЕ, MAJ 2014

Работилница на тема Финансиска ревизија на проекти финансирани од ИПА, во организација на ТАИЕКС во соработка со Ревизорското тело за ревизија на ИПА во РМ, се одржа на 15 мај 2014 година во хотел Арка во Скопје.

На обуката присуствуваа сите ревизори на Ревизорското тело, двајца ревизори од Државниот завод за ревизија и претставници од Делегацијата на Европската унија во Република Македонија.

Теми на работилницата: фази на финансиска ревизија - планирање, извршување,  известување и последователни дејства.

Предавачи: Иван Рамљак од Агенцијата за ревизија на системот за имплементација на програмите на ЕУ, Хрватска и Иван Панчев од Извршната агенцијата за ревизија на ЕУ фондови во Бугарија.

 

 

РАБОТИЛНИЦА СКОПЈЕ, НОЕМВРИ 2012

Работилница на тема Ревизија на операции во организација на TAIEX, се одржа на 14 и 15 ноември 2012 година во Скопје, во хотел Карпош.

Работилницата за Ревизија на операции се одржа на 14 и 15 ноември 2012 година во Скопје, во хотел Карпош. На оваа обука организирана од страна на TAIEX на барање на Ревизорското тело на Република Македонија за ревизија на ИПА, присуствуваа вработените од Ревизорското тело, како и вработени од Националниот фонд, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД)  и  Државниот завод за ревизија.

Тема на обуката: фазите на ревизија на операции: планирање, извршување,  известување и последователни дејства(со практични примери во контекст на инструментот за претпристапна помош).

Предавачи: Иван Панчев, државен ревизор од Извршната агенцијата за ревизија на ЕУ фондови во Бугарија; Florina Barbu, Министерство за јавни финансии на Романија; Mihaela Tercilla, Министерство за јавни финансии на Романија, и Daniel Dragan, надворешен ревизор во јавниот сектор од Ревизорското тело на Романија.

 

РАБОТИЛНИЦА БЕРОВО, МАЈ 2012

Работилница за примена на Упатствата за потврдување на сметки во организацијата на TAIEX - спроведена од експерти од Генералиниот директорат за земјоделие и рурален развој - Брисел.