Управување со ИПА

Комисијата е одговорна за спроведувањето на Регулативата за ИПА. Според оваа Регулатива активностите се управуваат, следат, проценуваат и се пишуваат извештаи во согласност со Регулативата (ЕЗ, Евроатом) бр. 1605/2002, која претставува финансиска регулатива на ЕЗ.

Согласно финансиската регулатива управувањето со помошта (ИПА) може да биде спроведено преку:

-централизирано управување,

-поделено управување или децентрализирано управување,

-заедничко управување со меѓународни организации.

Финансирањето на Заедницата може да се остварува преку финансиски спогодби помеѓу Комисијата и земјата-корисничка, договори за набавки или договори за грант со национални или со меѓународни тела од јавниот сектор или со физички и правни лица одговорни за спроведувањето на активноста или, пак, преку договори за вработување. За прекуграничните програми со земјите-членки задачите за спроведување можат да им се делегираат на земјите-членки и во тој случај тие се спроведуваат преку заедничко/поделено управување.

Секоја година Комисијата доставува извештај до Европскиот парламент и до Советот на Европа за спроведување на помошта во кој се содржани информации за активностите финансирани во текот на годината и за наодите од следењето при што дава проценка за постигнатите резултати при користење на средствата.

 

Комитети

Согласно ИПА регулативата се основа ИПА Комитет составен од претставници на земјите-членки и со него претседава претставник на Комисијата. Тој и помага на Комисијата во нејзината задача да обезбеди координација и кохерентност на помошта дадена по различните компоненти, односно и помага во донесувањето на повеќегодишните индикативни планирачки документи и нивните годишни ревизии, како и програмите за помошта.

Исто така, Комисијата ги донесува програмите за регионален развој со помош и на Координативниот комитет на фондовите. За донесување на програмите од компонентата за рурален развој на Комисијата и помага Комитетот за рурален развој.

Програмите  (повеќегодишни и годишни програми) може да претрпат измени доколку тие не значат суштински промени на природата на првобитните програми и активности и, што се однесува на финансискиот елемент, онаму каде што тие не надминуваат 20% од вкупниот износ предвиден за програмата или за споменатата активност, најмногу до 4 милиони евра. Комитетот што го дава мислењето за првобитната програма или активност е информиран за сите одлуки во врска со измените.

 

Видови помош

Помошта, во согласност со оваа Регулатива, може, меѓу другото, да финансира инвестиции, договори за набавки, грантови, вклучувајќи и субвенции за каматни стапки, посебни кредити, гаранции за кредити и финансиска помош, да биде поддршка на буџетот ина другите специфични форми на буџетска помош и да дава придонес кон капиталот на меѓународните финансиски институции или на регионалните развојни банки.

Средствата од ИПА фондовите нема да се користат за плаќање даноци, царини или давачки во земјите-кориснички.

 

Мерки за поддршка

Помошта може, исто така, да се користи за покривање на трошоците за активности поврзани со подготовки, последователни активности, контроли, ревизии и проценки кои се неопходни за раководење со програмата и за постигнување на нејзините цели, особено за студии, средби, информации и публицитет, како и за други трошоци за административна и за техничка помош од кои Комисијата може да има корист при раководењето со програмата.

 

Спроведување на помошта

Комисијата и земјите-кориснички склучуваат рамковни спогодби за спроведување на помошта.

Владата на Република Македонија на 30.10.2007 година ја склучи Рамковната спогодба со Европската комисија која во месец јануари 2008 година e ратификувана од страна на Собранието на РМ. Со Рамковната спогодба се утврдуваат правилата за соработка во врска со финансиската помош на ЕЗ во рамките на спроведувањето на помошта според ИПА.

Дополнителни спогодби во врска со спроведувањето на помошта, ќе се склучуваат меѓу Комисијата и земјата-корисничка (секторска спогодба).

Помошта според ИПА регулативата може да се користи од земјата корисничка откако ќе се склучи и влезе во сила рамковната спогодба и доколку е склучена, секторската спогодба за компонентата.

Рамковната спогодбакоја Република Македонија ја склучи со Европската комисија ги утврдува:

(a) општите правила за финансиска помош од Заедницата,

(б) воспоставувањето на структурите и органите потребни за управување,

(в) заедничките одговорности на гореспоменатите структури, органи и тела,

(г) барања за контрола и услови за:

(i)                  акредитацијата и следењето на акредитацијата на националниот координатор за авторизација од надлежниот координатор за акредитација,

(ii)                акредитацијата и следењето на акредитацијата на оперативната структура од националниот координатор за авторизација,

(iii)               пренесувањето на овластувањата за управување од страна на Комисијата,

 

(д) подготвување на годишна изјава за гаранција од страна на националниот координатор за авторизација,

(ѓ) прописи за набавка,

(е) затворање на програмите,

(ж) дефинициите за неправилност, за измама како и оние за активна и пасивна корупција, заедно со оние од законодавството на Заедницата; обврската на земјата-корисничка за преземање соодветни заштитни мерки против активна и пасивна корупција, мерки против измами и корективни активности; прописите за поврат на средствата во случај на неправилности или измами,

(з) поврати на средства и финансиски корекции и приспособувања,

(ѕ) правилата за надзор, контрола и ревизија од Комисијата и Европскиот суд на ревизори;

(и) прописите за даноци, царински давачки и други фискални трошоци,

(ј) барања за давање информации и јавност.

За петтата компонента на ИПА односно Компонентата за рурален развојРепублика Македонија склучи Секторска спогодба за реализација на Програмата за развој на земјоделството и рурален развој (IPARD програмата) врз основа на децентрализирано управување без exanteконтрола.

 

Критериуми за акредитација

Пред да се донесе одлука за пренесувањето на овластувањата за управување (децентрализирано управување) кои се однесуваат за компонента, програма или мерка на земјата–корисничка, Комисијата осигурува дека дадената земја ги исполнува бараните услови во поглед на воспоставените системи за управување и за контрола.

За таа цел, структурите, органите и телататреба да воспостават ефективни контроли во следните области како основни критериуми за акредитација :

1.       Контрола на опкружувањето (основање и раководење на организацијата и персоналот)

2.       Планирање/управување со ризик

3.       Контролни активности

4.       Мониторинг активности

5.       Комуникација (размена на информации помеѓу сите учесници).

Во 2009 година е дадена акредитација на структурите и пренесувањето на овластувањата за децентрализирано управувањесо ИПА фондовитеод страна на Комисијата на Република Македонија за III, IVи VИПА Компонента. За IИПА Компонента, која има на рсполагање најголем фонд на средства и која се однесува на унапредување и развој на институциите во Република Македонија, пренесувањето на управувањето е пренесено во 2010 година. Средствата од оваа компонента се користеа и пред донесување на децентрализиран начин на управување (односно централизирано преку ЕУ делегацијата во Скопје).

 

Заштита на финансиските интереси на Заедницата

Која било спогодба што произлегува од оваа Регулатива содржи одредби со кои се гарантираат финансиските интереси на Заедницата, особено во однос на измамите, корупцијата и кои било други неправилности. Истрагите за измами ги прави Европското биро за борба против измама (ОЛАФ).Теренските проверки и инспекциите се спроведуваат од Комисијата заради заштита на финансиските интереси на Заедниците од измама и од други неправилности.

Спогодбите предвидуваат Комисијата и Судот на ревизорите да имаат овластување да вршат ревизија, врз основа на документите и на самото место, на сите договорачи и поддоговарачи кои имаат добиено средства од Заедницата. Тие, исто така, предвидуваат Комисијата да добие итен пристап за вршење теренски проверки, како и инспекции.

 

Правила за учество и потекло, квалификуваност за добивање грантови

Сите физички лица кои се државјани на земјите-членки или сите правни лица кои се формирани во земјите-членки, земјата-корисничка на оваа Регулатива, земјата корисничка на инструментот „Европско соседство и партнерство“ или земјата-членка на Европскиот економски простор имаат право на учество во набавките или во договорите за добивање грантови финансирани според оваа Регулатива.

Во согласност со член 114 од Регулативата (ЕЗ, Евроатом) бр. 1605/2002, физичките лица можат да добиваат грантови.

 

Кохерентност, компатибилност и координација

Програмите и проектите финансирани во согласност со оваа Регулатива се конзистентни со политиките на ЕУ. Тие се во согласност со спогодбите склучени меѓу Заедницата и нејзините земји-членки со земјите-кориснички и ги почитуваат обврските од мултилатералните спогодби што тие ги потпишале.

Комисијата и земјите-членки гарантираат кохерентност и координација меѓу помошта на Заедницата обезбедена според оваа Регулатива и финансиската помош обезбедена од Заедницата и од земјите-членки преку други внатрешни и надворешни финансиски инструменти и помошта обезбедена од Европската инвестициска банка.

 

Прекинување на помошта

Почитувањето на:

·         принципите на демократијата,

·         владеењето на правото и човековите и малцинските права,

·         како и основните слободи.

е основен елемент за примената на оваа Регулатива и за давањето помош во согласност со истата.

Доколку  земјата-корисничка нема да ги почитува овие принципи или обврските содржани во односните партнерства со ЕУ, или напредокот во исполнувањето на критериумите за пристапување е незадоволителен, Советот по предлог на Комисијата, може да преземе соодветни чекори во однос на која било помош дадена во согласност со оваа Регулатива. Европскиот парламент е целосно и итно информиран за која било одлука што е донесена во тој контекст.

 

Проценка

Комисијата редовно ќе ги проценува резултатите и ефикасноста на политиките и на програмите и ефективноста на програмирањето, за да утврди дали се исполнети целите и за да овозможи формулирање на препораки во поглед на подобрувањето на идните операции. Од овие резултати ќе зависи дизајнот на програмата и распределбата на ресурсите /средствата.



Согласно Регулативата (ЕЗ) бр.718/2007 од 12 јуни 2007 година за спроведување на Регулативата (ЕЗ) бр.1085/2006 на Советот за воспоставување на ИПА

Instrument for pre-accession for Rural Development - Agricalture and Rural Development Programme