Печати

Финансирање

Информации за предлог-индикативни финансиски алокации

Заради поддршка на стратегиското планирање, Комисијата (на годишна основа) ги изнесува пред Европскиот парламент и пред Советот своите намери за финансиските алокации што ќе ги предлага за претстојните три години, во форма на повеќегодишна индикативна финансиска рамка.

Табела број 1:

 

Донесена повеќегодишна индикативна финансиска рамка 2007-2013 за Република Македонија

 

Компонента

2007

2008

2009

2010

2011

2012

2013

Вкупно

I–Помош за транзиција и институционална надградба

41.64

41.12

39.33

 

36.32

28.80

28.21

27.94

243.36

II –Прекугранична соработка

4.16

4.08

4.37

5.07

5.13

5.18

5.24

33.23

III – Регионален развој

7.40

12.30

20.80

29.40

39.30

42.30

51.80

203.30

IV– Развој на човечки ресурси

3.20

6.00

7.10

 

8.40

8.80

10.38

11.20

55.08

V– Земјоделие и рурален развој

2.10

6.70

10.20

12.50

16.00

19.00

21.03

87.53

Вкупно

58.50

70.20

81.80

91.69

98.03

105.07

117.21

622.50

      *Износите се искажани во милиони евра

Оваа повеќегодишна индикативна финансиска рамка укажува на намерите на Комисијата за распределбата на средства по компоненти. Таа е елаборирана врз основа на група објективни и транспарентни критериуми, вклучувајќи ги и анализата на потребите, апсорпциониот капацитет на земјата корисничка, почитувањето на условите и капацитетот за управување.

Повеќегодишната индикативна финансиска рамка е составен дел од годишниот пакет за проширување на Комисијата, одржувајќи го притоа тригодишното планирање.

Во согласност со оваа Регулатива, помошта се обезбедува преку повеќегодишни или годишни програми според приоритетите дефинирани во повеќегодишните индикативни планирачки документи.

Програмите ги утврдуваат посакуваните цели, полињата на интервенција, очекуваните резултати, управните постапки и вкупниот износ на планираното финансирање. Тие содржат резиме или опис на видовите операции што се финансираат, индикации за износите распределени по секој вид операција, како и индикативен распоред за спроведувањето. Онаму каде што е значајно, тие ги вклучуваат и резултатите од сето стекнато искуство од претходната помош. Целите се конкретни, релевантни и мерливи и имаат временски утврдени репери.

Комисијата ги донесува повеќегодишните и годишните програми, како и сите нивни измени.