Печати

Компоненти

Помошта се програмира и се спроведува во согласност со следниве компоненти:

I      Помош за транзиција и институционална надградба;

II    Прекугранична соработка;

III   Регионален развој;

IV   Развој на човечки ресурси, и

V    Земјоделие и рурален развој.

Компонентата за помошта за транзиција и институционална надградбаи компонентата за прекугранична соработка се достапни на сите земји-кориснички, со цел да им се помогне во процесите на транзиција и во нивното приближување кон ЕУ, како и за да се поттикне регионалната соработка меѓу нив.

Компонентите за регионален развој, за развој на човечки ресурси и за рурален развојсе достапни само на земјите-кандидатки кои се акредитирани за управување со фондовите на децентрализиран начин, за да им помогнат да се подготват за периодот по пристапувањето, особено за спроведувањето на политиките на Заедницата за кохезија и за рурален развој, односно за користење на средствата од Кохезиониот фонд, Европскиот социјален фонд  и Европскиот земјоделски фонд за рурален развој (ЕАФРД).

Компонентата за рурален развојги поддржува земјите кандидатки за членство во ЕУ при развивањето на политики, како и при подготовките за спроведување и за управување со заедничката земјоделска политика на Заедницата.