Печати

Што е ИПА?

Советот на Европската унија (ЕУ) во 2006 година го воспостави Инструментот за претпристапна помошна земјите кадидати за членство во ЕУ и земјите потенцијални кандидати за членство во ЕУ ( Регулатива број 1085/2006).

Регулативата е донесена со цел да се подобри ефикасноста на надворешната помош на Заедницата. Со оваа регулатива предвидена е нова рамка за програмирање и за испорачување на помошта на земјите кандидати за членство во ЕУ и земјите потенцијални кандидати за членство во ЕУ. Сегашниот инструмент претставува еден од општите инструменти кои директно ги поддржуваат политиките на европската надворешна помош.

Согласно регулативата, помошта за земјите-кандидатки, како и за потенцијалните земји-кандидатки треба да биде насочена кон поддршка на нивните напори за зајакнување на:

  • демократските институции и на владеењето на правото,
  • за реформа на јавната администрација,
  • спроведување на економските реформи,
  • почитување на човековите и на малцинските права,
  • промовирање на половата еднаквост
  • поддржување на развојот на граѓанското општество и унапредување на регионалната соработка, како и за помирување и реконструкција, и да придонесе за одржлив развој и за намалување на сиромаштијата во овие држави.

За спроведување на Регулативата (ЕЗ) бр.1085/2006 на Советот за воспоставување инструмент за претпристапна помош (ИПА), Комисијата на европските заедници на 12 јуни 2007 година ја донесе Регулативата бр. 718/2007.

ПРОПИШАНИ ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПОМОШТА ОД ЕУ

Корисници

Регулативата се однесува на земјите кандидатки- Хрватска, Турција и Република Македонија,и на потенцијалните земји кандидатки- Албанија, Босна, Црна Гора, Србија, вклучувајќи го и Косово.

Заедницата им помага на земјите во нивното  усогласување со стандардите и политиките на Европската унија  преку доделување на средства од ЕУ фондовите согласно ИПА.

ЗЕМЈИ КАНДИДАТКИ

  • ХРВАТСКА- на 17 и 18 јуни 2004 годинаЕвропскиот совет од Брисел препорача започнување на преговоритесо Хрватска за пристапување кон ЕУ.
  • ТУРЦИЈА- апликацијата за  членство во ЕУ е прифатена од Европскиот совет во Хелсинки во 1999 година. На 16 и 17 декември 2004 годинаЕвропскиот совет во Брисел го препорачува започнувањето на преговоритесо Турција за пристапување кон ЕУ.
  • МАКЕДОНИЈА – на 15 и 16 декември 2005 годинаЕвропскиот совет во Брисел реши на Република Македонија да и даде статус на земја-кандидатка за членство во ЕУ.

Опсег

Помошта се користи од страна на земјите-кориснички  како поддршка во следниве области:

(а)  зајакнување на демократските институции и на владеењето на правото, вклучувајќи го и неговото спроведување;

(б)  промовирање и заштита на човековите права и на основните слободи и зајакнато почитување на малцинските права, промоција на половата еднаквост и на недискриминацијата;

(в)  реформи на јавната администрација, вклучувајќи го и воспоставувањето систем за децентрализирано управување со помошта намената за земјата-корисничка, во согласност со правилата утврдени во финансиската регулатива (ЕЗ, Евроатом) бр. 1605/2002;

(г) економска реформа;

(д) развивање на граѓанското општество;

(ѓ) социјална вклученост;

(е) мерки за помирување, градење на довербата и за реконструкција, и

(ж) регионална и прекугранична соработка.

 

За земјите кандидатки за членство во ЕУ помошта(во кои е Република Македонија) ќе се користи и за поддршка во следниве области:

(а)    донесување и спроведување на acquiscommunautaire (заедничките придобивки).

(б)    поддржување на развојот на политиките, како и на подготовките што се потребни за спроведување и за управување со заедничката земјоделска политика и со кохезионата политика на Заедницата.